СЗО: Драматично враќање на малите сипаници во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои „драматично враќање“ на сипаници во Европа, делумно помогнато со одбивање на вакцинација. Речиси 90.000 луѓе се заболени од сипаници во првата половина на 2019 година.



СЗО, здравствената агенција на ОН, во извештајот нагласува дека бројот на заболени од сипаници е двојно зголемен од јануари до јуни во однос на претходната година.

Германската влада минатиот месец предложи имунизацијата на сипаници да се направи задолжителна за децата и вработените во градинките и училиштата. Оваа година се пријавени повеќе од 400 случаи на мали сипаници во Германија.

Најголем број случаи е забележан во Украина, повеќе од 84.000, а потоа следат Казахстан и Грузија. Министерството за здравство на Украина соопшти за осум жртви од болеста.

Експертскиот комитет на СЗО соопшти дека Албанија, Чешка, Грција и Велика Британија го изгубиле статусот на држави каде се искоренети сипаници.

Според проценките на СЗО, во 2017 година 110.000 луѓе починале од сипаници во светот, повеќето од нив деца под пет години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...