Британските парламентарци најавуваат дека ќе го спречат Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон е соочен со „пресметка во парламентот“, по неговото вчерашно предупредување дека ќе распише предвремени избори за 14 октомври доколку пратениците ја преземат контролата врз работата на парламентот.



„Побунетите ториевци“ и пратениците на Лабуристичката партија планираат нацрт закон со кој ќе го запрат излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор на 31 октомври, пренесува Би-Би-Си.

Предлог законот ќе го присили премиерот да побара одложување на Брегзит до 31 јануари 2020 година, освен доколку пратениците до 19 октомври не одобрат нов договор или не гласаат за излегување од договорот.

Премиерот Џонсон изјави дека не сака избори, но дека напредокот во преговорите со ЕУ ќе биде „невозможен“ доколку пратениците победат во оваа политичка битка.

Џереми Корбин изјави дека Лабуристичката партија е подготвена за општи избори.

Секретарот за Северна Ирска во владата во сенка Тони Лојд најави дека лабуристите ќе гласаат против било какви планови на владата за одржување општи избори пред Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври.

Според Законот за парламентот, премиерот мора да побара поддршка од две третини од 650-те пратеници за есенва да го почне изјаснувањето.

Многу пратеници се собрани во нов обид да го запрат Брегзит-от без договор, пренесе Би-Би-Си.

Откако ќе заврши паузата и парламентот повторно ќе се собере на работа, се очекува пратениците да го активираат правилото што овозможува итна расправа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...