Столтенберг: НАТО ќе продолжи да ги поддржува авганистанските сили

НАТО ќе продолжи да ги поддржува авганистанските сили, вети денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по средбата со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, среде напорите на САД да постигнат мировен договор со талибанците.



– НАТО целосно ги поддржува напорите да биде постигнат мир во Авганистан. Ги осудувам неодамнешните напади и НАТО останува ангажирано да ги поддржува авганистанските сили, напиша Столтенберг на Твитер по разговорите со Помпео во Брисел.

САД и талибанците повеќе од една година преговараат за наоѓање политичко решение за 18-годишната војна во Авганистан.

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Вашингтон ќе намали речиси половина од бројот на американските војници во Авганистан, до 8.600 лица, доколку договорот биде финализиран.

Според претставник на Алијансата, Столтенберг и Помпео разговарале, исто така, и за напорите на Вашингтон да се зголемат европските трошоци за одбраната во рамки на НАТО, како и подготовката за средбата на врвот на НАТО во декември во Лондон.

Помпео синоќа пристигна во Брисел и се сретна со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој денеска се очекува да се сретне и со идниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и со идниот шеф на европската дипломатија Жозел Борел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...