Бразилски министер со навреди за Макрон и сексистички шеги за неговата сопруга Брижит

Рио де Жанеиро, 4 септември 2019 (МИА) – Новиот бразилски министер за туризам Ренцо Гарсија, во видео објавено на Твитер го нарече францускиот претседател Емануел Макрон „кловн“ и се закани дека ќе го задави.

– Дојди ваму! Ќе те фатам за врат, тој пилешки врат. Нема да ме измамиш, се закани Гарсија во видеото, лут на Макрон откако тој реагираше на пожарите во бразилскиот дел на Амазонија.

– Единствениот оган кој гори е огнот во бразилските срца и во срцето на нашиот претседател, кловну!, изјави поранешниот ММА борец, обраќајќи му се на Макрон, кого го нарекува Микрон.

По објавеното видео, бразилски новинар побара објаснување од министерот, но тој продолжи со навреди кон францускиот министер.

– Луѓето ќе помислат дека го нареков пиле затоа што сум сакал да ја доведам во прашање неговата машкост, но сум видел многу геј луѓе кои биле помажевни од овој имбецил, рече Гарсија и се префрли со навредите на француската прва дама Брижит.

– Ќе ви поставам прашање: Дали е грда или убава? Дали би ви фатила око?…Фактот дека Макрон спие со змеј не го прави познавач на огнот. Грда е човече, изјавил министерот.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонеро неодамна, исто така, ја навредуваше Брижит Макрон, потсетувајќи на нејзините години и фактот дека е 24 години постара од својот сопруг. ссм/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...