Макрон користи апликација за контрола на своите министри и нивната активност

Претседателот на Франција Емануел Макрон има пристап до апликација што ги покажува успесите и неуспесите на неговите министри и тоа во реално време, јавува дописникот на МИА.

Според БФМ ТВ и Ле Фигаро, шефот на француската држава имал специјална алатка, која не е достапна за јавноста, за да го процени напредокот на петгодишниот реформски проект, и ова се однесува на сите министерски ресори. Апликацијата ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Апликацијата била изработена од тројца високи функционери многу блиски до извршната двојка, вклучувајќи го и нивниот најблизок соработник: Алексис Кохлер, генерален секретар на Елисејската палата и Бенедикт Рибадеу-Думас, генерален секретар на Матињон. Томас Казенав, меѓуминистерски делегат за јавна трансформација, исто така, наводно учествувал во проектот.

Според Ле Фигаро, за време на последниот владин семинар, Претседателот на Републиката ја пријавил оваа апликација, укажувајќи дека ги има кодовите и тој редовно ги разгледувал податоците. Информацијата малку ја „замрзнала“ министерската маса, според еден од неименуваните учесници.

Ова е начин Претседателот на Републиката да изврши притисок врз неговите министри по една година обележана со социјални немири од жолтите елеци и на почеток на опасна година за извршната власт. Долго одбиен, законот за биоетика, вклучувајќи го и вештачкото оплодување за сите за сите, сега е во дискусии, како и експлозивната реформа на пензиите.

Сите овие се теми ветуваат деликатна социјална есен за Емануел Макрон, кој нема друг избор освен да го започне Актот II од неговиот петгодишен мандат. Ова само на неколку месеци пред општинските избори, кои се исто толку многу значајни и неизвесни за неговата партија Републиката во движење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...