Ердоган: Русија и САД да го одржат ветувањето

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ги повика Русија и САД да го одржат ветувањето и да обезбедат курдските борци да се повлечат од пограничните области.



Тој тврди дека курдските борци и понатаму се присутни во неколку области. Ердоган посочи дека борци на Единиците за заштита на народот и понатаму се наоѓаат во Тел Рафат, во Манбиџ, како и во Рас ал Аин.

Ердоган наведе дека турските војници се мета на напади на поединечни курдски борци во Сирија, при тоа додавајќи оти Турција „нема да биде само набљудувач“ на тие напади.

Повлекувањето на курдските сили почна на 23 октомври, а заврши на 29 октомври. Врз основа на договорот што го постигнаа рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Ердоган, курдските сили од Единиците за заштита на народот требаа да се повлечат заедно со своето оружје од североисточна Сирија на 30 километри оддалеченост од границата со Турција.

Курдските сили се повлекоа од пограничната зона во која Турција на 9 октомври изврши офанзива врз нив. Офанзивата беше прекината неколку дена во согласност со договорот постигнат помеѓу Анкара и Вашингтон.

Припадници на руската воена полиција и сириската гранична полиција се распоредени во зоната и заедно патролираат со цел да го олеснат повлекувањето на Курдите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...