Франција не ја исклучува можноста од Брегзит без договор

Францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Монсалена денеска изјави дека не може да ја исклучи можноста за Брекзит без договор меѓу Брисел и Лондон, иако, како што истакна, постигнувањето на договорот првенствено е во интерес на Велика Британија.



Велика Британија, по три одложувања, на 31 јанари и официјално ја напушти ЕУ.

-На Британците договорот им е многу попотребен. По епидемијата, тие не можат да издржат уште еден шок и нема да имаат пристап до безбедносната мрежа што ја претставува Европа, ниту до фондот за поттикнување, рече Де Монтален во изјава за Радио Европа 1, мислејќи на економските последици од пандемијата.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Лондон му порача дека преговорите за можен договор мора да бидат завршени пред почетокот на есента, но Де Монсален го отфрли ваквиот притисок, пренесуваат британските медиуми.

-Ние нема да попуштиме на таквиот притисок во однос на роковите, на овој спринт што Велика Британија сакаше да ни го наметне, надевајќи се дека ќе се откажеме. Не сакаме договор само колку да имаме договор, туку сакаме избалансиран договор, појасни францускиот државен секретар.

Преодниот рок, за време на кој Велика Британија ќе остане во царинската унија на ЕУ и во рамките на заедничкиот пазар на Унијата, ќе заврши на 31 декември, а Џонсон ја отфрла можноста за негово продолжување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...