Макрон сака да го направи задолжително носењето маска во затворени простори

Во телевизиско интервју францускиот претседател Емануел Макрон ја оправда својата досегашна политика и насоките кон кои ќе работи новата реконструирана влада на Жан Кастекс, јави дописникот на МИА.



Претседателот Макрон, се до годинава сметаше дека телевизиското интервјуто за националниот празник, воведено од Валери Жискар Д’Естен е нешто од минатото, но по жолтите елеци, протестите против реформата на пензискиот систем и кризата со епидемијата на Ковид-19, немаше друг избор.

Макрон изјави дека сака да го направи задолжително носењето маска во затворени простори, откако државата е соочена со знаците за повторно зголемување на заразени.

Во врска со вакцина против Ковид-19 Макон повикува на глобален пристап до вакцината, развиена со Светската здравствена организација (СЗО). Ако француска компанија ја открие вакцина, дали Франција би била приоритетна? Претседателот одговара со не.

-Ако некој пронајде вакцина, се ставаме во ситуација да го организираме своето производство насекаде, во нашите земји веднаш, но и за земјите во развој или најсиромашните земји, рече тој.

Емануел Макрон понатаму нагласи дека ќе им овозможи на сите и без лекарски упат да се тестираат од вирусот.

Макрон призна дека не успеал да ги помири Французите, објаснувајќи го изборот на својата влада и бранејќи ги досегашните реформи.

-Прво, не можев да го сторам тоа. Дали е тоа дека ќе престанам да се борам, обидувајќи се да ги убедам во ваков проект? Не , рече Емануел Макрон.

-Направивме реформи. Тие беа направени и беа неопходни затоа што тие и дадоа сила на земјата што и овозможи да ја помине сегашната криза и да ја врати на меѓународен кредибилитет, истакна францускиот претседател.

Макрон го оправда назначувањето на Жан Кастекс за премиер и објасни дека заминувањето на Едуард Филип од Матињон е политичка страница што требаше да се сврти, притоа признавајќи го сработеното на Филип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе ќарил некоја плавуша.
И после добриот секс, на плавушата и текнало:
- А бе да не имаш сида?
- Не, а што ти текна?
- Не би сакала пак да добијам!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1881.- Во Локфилд, Шкотска е роден Александар...
1868.- Еквадор го погоди силен земјотрес при што...
1890.- Во њујоршкиот затвор „Обурн“, убиецот...
1900.- Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“,...