Германија со дневен рекорд од речиси 15.000 новозаболени од Ковид-19

Берлин, 28 октомври 2020 (МИА) – Германија во изминатите 24 часа потврди 14.964 новозаразени случаи со коронавирус, соопшти Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“, што претставува најголем дневен пораст во земјата од почетокот на пандемијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел бара состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на рестораните и кафулињата, почнувајќи од 4 ноември.

Тоа ќе биде последен во низата обиди да се спречи ширењето на коронавирусот, меѓутоа планот е училиштата и градинките да останат отворени.

Меркел бара да се затворат фитнес центрите, коцкарниците и кино салите, како и театрите, операта и да забрани концерти, но продавниците да останат отворени, доколку одржуваат хигиена, како и да се ограничи бројот на присутни луѓе во затворена просторија.

Федералната Влада сака да им овозможи финансиска поддршка на компаниите кои ќе бидат на удар поради затворањата, додавајќи дека оваа програма ќе и биде презентирана на јавноста денеска попладне.

Оние што нема да ги почитуваат мерките ќе бидат казнети, но се уште не се познати деталите за санкционирање. гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...