Папа Франциск: Ќе ставиме крај на сексуалните злоставувања во црквата

Папата Франциск денеска и се обрати на јавноста за првпат по објавувањето на компромитирачки извештаи за несоодветната постапка на Ватикан во случајот на поранешниот американски кардинал Теодор Мекарик и вети дека ќе стави крај на сексуалните злоставувања во Католичката црква.



– Сакам да повторам: сочувствувам со жртвите на секоја злоставување и повторувам – Црквата ќе го искорени злото, порача папата.

Внатрешна истрага спроведена во Ватикан покажа дека поранешниот папа Јован Павле Втори бил предупреден дека тогашниот надбискуп Теодор Мекарик се однесувал на сексуално непримерен начин, но оти тој сепак решил да го унапреди во надбискуп на Вашингтон.

Истрагата траеше две години, а покојниот папа го промовираше Мекарик во кардинал во 2001 година, една година откако беше прогласен за надбискуп на Вашингтон, каде во меѓувреме стана познат по прибирање средства и влијание.

Извештајот во голема мера го ослободи од вина сегашниот папа Франциск, а Мекарик поднесе оставка во 2018 година, додека Ватикан го екскомуницираше минатата година по црковно судење за сексуално злоставување малолетници.

-До 2017 година никој не му даде документација на папата Франциск во врска со обвинувањата против Мекарик. Папата слушна само дека има обвинувања и гласини“, се наведува во извештајот. Во документот се наведува и дека во 2005 година, папата Бенедикт побарал оставка од Мекарик во 2005 година, откако „обвинувањата за малтретирање и злоупотреба на возрасни повторно почнаа да излегуваат на површина.

Во извештајот исто така се вели дека Канцеларијата за бискупи во Ватикан на Мекарик усно му наредила да се повлече од јавниот живот во 2006 година, две години подоцна во писмена форма, но дека тој ги игнорирал тие препораки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо и Фата излегле со кучето на прошетка, кога по некое време Фата се сетила дека заборавила да облече гаќи. И му текнало на Мујо идеја:
- Фато, дај на кучето да те помириса...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Англискиот крал Хенри Осми се ожени со Ана...
1579.- Во Утрехт побунетите провинции Холандија,...
1627.- Роден е Роберт Бојл, англиски физичар и...
1736.- Роден е францускиот математичар,...