Повеќе од 40 земји ги затворија границите со Британија, Лондон бара решение

Лондон, 22 декември 2020 (МИА) – Повеќе од 40 земји привремено ги затворија границите за стоки и патници од Велика Британија, откажувајќи ги летовите од таа земја поради брзото ширење на новиот вид коронавирус.

Франција ја затвори границата со Велика Британија на 48 часа. Камионите и траектите од Довер не смеат да сообраќаат.

Би-Би-Си, повикувајќи се на францускиот министер за европски прашања Климент Бин, јави дека Велика Британија и Франција ќе објават договор за повторно воспоставување на товарниот сообраќај до среда.

– Во последните 24 часа постојано разговаравме со нашите француски колеги за низа прашања, а ќе продолжиме и денеска, изјави британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател.

На прашањето дали може да се очекува решение денеска, Пател рече дека се работи на тоа затоа што „во интерес на двете земји е да се обезбеди непречен проток“.

– Ќе видиме што ќе се случи денеска, рече Пател.

Објавата на Лондон за појава на нов, позаразен вид коронавирус предизвика паника во светот погоден од пандемијата на Ковид-19 од кој починаа околу 1,7 милиони луѓе, вклучувајќи над 67.000 во Велика Британија. паг/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...