За колективен имунитет веројатно ќе треба да бидат вакцинирани меѓу 80 и 90 проценти од населението

Белгиските експерти предупредуваат дека поради појавата на позаразни мутации на коронавирусот, ќе биде потребно да се вакцинираат помеѓу 80 и 90 проценти од населението за да се постигне колективен имунитет.



Европската агенција за лекови додава дека сe уште нема податоци за тоа колку трае имунитетот кај вакцинираните лица.

– Сега знаеме дека 70 отсто вакцинирани нема да бидат доволни за ставање под контрола на вирусот, затоа треба да целиме таа бројка да биде повисока. Треба да се постигне стапка на вакцинација од над 80 отсто, изјави водечкиот белгиски епидемиолог Пјер ван Дам.

Покрај фактот дека се појавуваат нови варијанти на вирусот, поборниците за повисоки стапки на вакцинација, исто така, укажуваат на фактот дека постојните вакцини не се 100 проценти ефикасни и дека имунитетот на оние кои се заразиле со инфекција ќе се „потроши“ за осум до девет месеци.

Особено е нагласено дека стапката на вакцинација за лица над 50 години треба да достигне до 90 проценти.

Европската агенција за лекови вели дека во моментов не е познато колку трае заштитата обезбедена од одобрените вакцини против Ковид-19.

Се додава дека следењето на вакцинираните во клиничките испитувања ќе продолжи во текот на неколку години за да се соберат повеќе информации за времетраењето на заштитата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...