Во Белгија почнува судење за самоубиството на 14-годишна жртва на вознемирување

Во Белгија денеска почнува судски процес против тројца малолетници обвинети за вознемирување на 14-годишна девојка, која на 30 јануари 2020 година си го одзеде животот, откако со месеци беше жртва на вознемирувања и напади преку интернет, јави дописничката на МИА од Брисел.



Според изјавите на нејзината мајка, Маел не можела да го поднесе јавното објавување на интимно видео.

Зара, нејзината мајка, за медиумите изјави дека нејзината ќерка не покажувала никакви знаци дека е жртва на мобинг и напади сѐ до нејзиното самоубиство.

Кога го открила нејзиното безживотно тело во детската соба, до неа бил оставен нејзиниот мобилен телефон, шифрата за отклучување и видео во кое бара прошка од нејзините родители, и објаснува дека не можела повеќе да ја поднесе ситуацијата во која се наоѓала.

Два месеци интимното видео на младата Маел кружело на социјалните мрежи, повлекувајќи со себе стотици злобни коментари и пораки секојдневно.

– Не знаев ништо! После дури се одврзаа јазиците, нејзините другарки ми раскажаа за видеото. Тоа беше дел од животот на Маел, што го открив во тој миг. Не мислам дека е тоа запоставување од моја страна. Родителите треба да знаат дека нашите адолесценти имаат нивен таен дел, не знаеме сѐ! Си имаат љубовен, сексуален живот кој мораме да го почитуваме, изјави мајката на Маел, Зара.

Според белгиските статистики секое трето дете е жртва на вознемирување во училиште.

Зара истакна дека Маел не проговорила за нејзината голгота за да ги заштити родителите.

– Често е така, детето не сака да предизвика грижа кај родителите, и си вика дека само ќе се носи со тоа, но, не! Битката против вознемирувањето во училиште е многу тешка!, посочи Зара за белгискиот јавен сервис РТБФ.

Иако мајката забележала промени во однесувањето на нејзината ќерка, таа претпоставувала дека станува збор за „обична адолесцентска криза“.

Зара се надева дека тројцата обвинети за самоубиството на ќерка и ќе ја разберат сериозноста и последиците на тоа што го сториле.

– Треба да разберат дека не смеат да прават што сакаат, вели Зара, која и самата е наставничка и алармира дека професорите не се добро подготвени да се справат со оваа појава.

Денес, таа со други мајки во ист случај се борат за да се внесе проблематиката во образовниот систем и да се смени обуката за наставниците и образовниот кадар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...