Курц: Веќе нема да се потпираме на ЕУ за вакцините

Австрија и Данска во иднина повеќе нема да се потпираат на ЕУ и ќе работат заедно со Израел на вакцина против коронавирусот, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Пред да замине за Израел, Курц објави промена на курсот во стратегијата за борба против вирусот.

-Во иднина веќе нема да се потпираме на ЕУ и заедно со Израел ќе произведуваме вакцини од втора генерација против понатамошни варијанти на вирусот во следните години, и заеднички ќе ги истражуваме можностите за лекување, нагласи тој.

Во писмената изјава за агенцијата АПА, Курц истакна дека само на Австрија и се потребни 30 милиони дози вакцини.

Во пресрет на посетата на Израел, Курц денеска ќе оствари средба со претставници на водечките австриски фармацевтски компании.

Тој посочи дека пристапот преку ЕУ во основа бил правилен, но дека Европската агенција за лекови (ЕМА) е премногу бавна во одобрувањето на вакцините и дека доаѓа до проблеми со испораката.

-Ние мора да се подготвиме за понатамошни мутации и повеќе не треба да зависиме само од ЕУ во производството на вакцини од втора генерација, нагласи Курц.

Експертите веруваат дека во наредните години две третини од населението ќе треба да се вакцинира еднаш годишно.

Курц патува во Израел заедно со неговиот дански колега Мет Фредериксен, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе разговара со нив за соработка во производството на вакцини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...