Лондон со порака до ЕУ: Договорот за Брегзит нема да трае вечно

Британскиот министер за претпримништво, Кваси Квартенг, денеска изјави дека Европската унија е нефлексибилна во однос на новите преговори за делот на договорот за Брегзит во врска со Северна Ирска, предупредувајќи го Брисел дека тоа не е договор што ќе трае вечно.



-Договорот е договор, но не е нешто што ќе трае вечно, изјави Квартенг за „Скај“. „Беше флексибилен и сакаме да функционира полесно“, додаде тој.

Според Квартенг, тие можеле да го суспендираат членот 16 од договорот, но решиле да не го прават тоа.

-Ова не е нашата почетна позиција и сакаме да можеме да преговараме и да разговараме со ЕУ за тоа како најдобро да се оди напред, кажа британскиот министер за претприемништво.

Лондон во средата побара од ЕУ да го смени протоколот за Северна Ирска само една година откако беше договорен.

ЕУ веднаш го отфрли таквото барање, велејќи дека Велика Британија треба да ги почитува меѓународните обврски. Брисел посочи на фактот дека за протоколот преговарал британскиот премиер Борис Џонсон.

Протоколот беше клучен дел од решението за Брегзит, поддржан од Џонсон. Протоколот ја остави Северна Ирска во рамките на единствениот европски пазар за стоки, но мора да се извршат контроли врз стоките што го преминуваат Ирското Море.

Компаниите во Северна Ирска велат дека тоа и штети на трговијата, а северноирските синдикалци протестираа против слабеењето на врските со остатокот од Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...