Белгија: Епидемиолозите против укинување на носењето маски на јавни места

Додека соседна Холандија се подготвува да ја укине мерката за носење на заштитни маски на јавни места, во Белгија експертите предупредуваат дека е сѐ уште рано за оваа мерка, иако стапката на вакцинација во Белгија е повисока од Холандија, јавува дописничката на МИА од Брисел.



Со најавите за укинување на маските во повеќе земји во ЕУ, одредени политички партии бараат да се примени мерката и во Белгија. Меѓу нив и самиот премиер, Александер Де Кро.

На ова научниците кои се членови на кризните штабови за вакцинација и за спречување на пандемијата одговорија дека е прерано.

Инфектологот Ерика Де Влиге за медиумите изјави дека епидемијата не е завршена.

-Иако мнозинството луѓе се вакцинирани, периодот што следи, есента и зимата, ќе бидат стрес-тест за да знаеме дали сите брани што ги инсталиравме за спречување на вирусот се доволни. Вакцинацијата е една брана, се разбира, но и вентилацијата во затворени простории како и носењето на маската во специфични услови се дополнителни бариери. Знаеме дека респираторните вируси побрзо се шират во зима кога луѓето се поактивни во затворени места. А ние одлучивме да отвориме повеќе активности, така што треба сега да почекаме да видиме какви последици врз епидемијата пред сѐ да се олабави одеднаш, би било навистина штета да имаме четврт бран после сѐ што сторивме, изјави Де Влиге.

Нејзиниот колега од кризниот штаб за коронавирусот, Ив Ван Латем, даде поддршка за оваа позиција.

-Знаеме дека делта сојот е позаразен, имаме примери во странство каде одеднаш се укинаа сите рестриктивни мерки и тоа беше многу лоша идеја која доведе до подем на заразата. Нашата стапка на вакцинација е добра, но не е доволна за да се спречи ширењето на вирусот кој може да ги погоди најранливите, оние со намален имунитет. Можеби ќе биде потребна трета доза за најстарите, предупреди епидемилогот Ван Латем.

Белгија има една од највисоките стапки на вакцинација на своето население, освен во големите градови како Брисел, Антверпен и Лиеж.

Последните бројки на здравствените власти се охрабрувачки. Бројот на новозаразени е намален за пет отсто помеѓу први и седми септември во споредба со претходната недела, но бројот на хоспитализирани е пораснат за три отсто, а загрижува и растот на нови пациенти на интензивна нега кој изнесува 15 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...