Мишел: Европската политичка заедница не е алтернатива на проширувањето

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по дебатата на лидерите на ЕУ за европската политичка заедница, изјави дека тоа „не е алтернатива на проширувањето“, туку платформа во рамките на која лидерите на земјите-партнери на европскиот континент би соработувале за обезбедување стабилност и напредок на Европа.

-Првиот состанок треба да се одржи во Прага, за време на чешкото претседателство со Советот на ЕУ, по летната пауза, рече Мишел.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој прв ја претстави идејата за европска политичка заедница, смета дека има потреба од „европска политичка рамка која ќе се занимава со стратешки прашања“.

-Видовме дека проширувањето, поради неговата брзина, не е адекватно за се што правиме во Европа. Затоа го сакаме овој нов пристап … во кој партнерите би можеле да разговараат за прашања како што се безбедноста, енергијата, инфраструктурата, економијата, здравството, рече Макрон.

На крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, тој повтори дека е договорено првите состаноци во овој формат да се одржат за време на претстојното шестмесечно чешко претседавање со Советот на ЕУ и дека идејата е да биде „средба на рамноправните“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...