Лавров: Аргентина и Иран се на пат да станат членки на БРИКС

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера соопшти дека Аргентина, заедно со Иран, се на пат да станат членки на групата БРИКС, која ги вклучува економиите во развој.



-Се разбира, и Аргентина и Иран се достојни и почитувани кандидати, како и голем број други земји кои, исто така, се споменуваат во дискусиите, рече Лавров, кој е во работна посета на Ашгабат, Туркменистан.

Лавров на прес-конференцијата по средбите со домаќините потврди дека прелиминарниот процес за пристапување на Аргентина е веќе почнат и дека конечната одлука за пристапувањето на двете земји „ќе биде донесена со консензус“.

И портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, исто така, на каналот Телеграм потврди дека и Аргентина и Иран ги поднеле своите официјални барања за членство во БРИКС.

Организацијата е основана во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина и својот инаугуративен собир го имаше на самит во Екатеринбург, во Русија. Јужна Африка стана членка на организацијата во 2010 година.

БРИКС денеска претставува над 40 отсто од светското население и околу 26 отсто од светската економија.

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез минатата недела за време на 14-от самит на БРИКС, преку видео конференција, побара неговата земја да стане членка на органзиацијата. Аргентинскиот лидер ја истакна желбата на јужноамериканската земја да се приклучи на БРИКС, инсистирајќи дека „Аргентина сака да се приклучи кон овој простор и да го понуди својот придонес како членка“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...