Зеленски: Украина извезува електрична енергија во Европската унија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преносот на електрична енергија во Романија е почеток на процес кој може да и помогне на Европа да ја намали зависноста од Русија.



Зеленски ова го изјави во ноќната видео порака по најавата на премиерот Денис Шмухал дека извозот започнал претходно во текот на денот, во износ од 100 мегавати, четири месеци по почетокот на руската инвазија на Украина.

-Почетокот на извозот е уште еден значаен чекор во нашето движење кон Европската унија, рече Зеленски.

Тој додаде дека „благодарение на украинската електрична енергија, значителен дел од рускиот гас што го користат европските потрошувачи може да се замени“.

-Затоа, ова не е само прашање на заработка од извоз за нас, туку прашање на безбедност за цела Европа, рече Зеленски, потсетувајќи и на поврзувањето на Украина со заедничкиот енергетски систем на ЕУ.

Во средината на март, Украина постигна договор за приклучување кон Европската мрежа на преносни систем оператори за електрична енергија (ENTSO-E) како набљудувач, откако нејзината мрежа ќе се поврзе со мрежата на ЕУ.

ENTSO-E неделава објави дека се завршени подготовките за првиот извоз од Украина, заедно со електрична енергија од Молдавија, почнувајќи од 30 јуни, користејќи интерконекција со Романија.

Наскоро ќе следи и тргување со електрична енергија на други интерконекции меѓу Украина и Словачка, Украина и Унгарија, како и меѓу Молдавија и Романија. Во првата фаза капацитетот со кој ќе се тргува ќе биде поставен на 100 мегавати.

Во претходна најава, премиерот Шмихал рече дека извозниот потенцијал на Украина во Европа ќе достигне 2,5 гигавати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...