Украина: Висок ризик од мини додека жителите бегаат од Херсон поради поплавите

Пробивањето на голема брана во јужна Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Како што јави Би-би-Си, Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на МКЦК, предупреди дека мините исфрлени во поплавата предизвикаа голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат да помогнат.

- Знаевме каде се опасностите. Сега не знаеме, изјави тој.

- Сè што знаеме е дека тие се некаде низводно, додаде Толефсен.

Наталија Хумениук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, изјави дека „многу противпешадиски мини (во областите заземени од Русите) сега станаа пловечки мини“.

- Тие претставуваат голема опасност, рече таа, објаснувајќи дека најверојатно ќе експлодираат доколку се судрат или удрат во нешто.

- Страните во конфликтот не го објавија бројот на мини што ги поставија. Само знаеме дека бројот е огромен, предупреди Толефсен.

Илјадници луѓе веќе се евакуирани од делови на регионот Херсон, бидејќи водата продолжува да навлегува низ реката Дњепар, која ги дели териториите контролирани од Русија и Украина.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уривање на браната Каховка која го снабдувала со вода Крим, кој беш анектиран од Русија во 2014 година и е во област што украинските сили сакаат да ја ослободат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...