Германија ќе го финансира купувањето на 180.000 гранати за Украина

Германското Министерство за одбрана соопшти дека земјата ќе и помогне на Чешка да ја зголеми доставата на муниција за Украина преку финансирање на набавка на 180.000 артилериски гранати, во вредност од 576 милиони евра.



Минатиот месец министерот за одбрана Борис Писториус најави пакет помош за Украина во вредност од 478 милиони евра. Според Министерството за одбрана, со оваа најава, вкупниот износ на помошта за Украина ќе надмине една милијарда евра.

Чешка покрена иницијатива за снабдување со гранати за да се задоволи итната потреба на Украина од муниција во борбата против руската инвазија која започна пред повеќе од две години.

Чешкиот премиер Петр Фиала на 8 март рече дека преку чешката иницијатива се собрани доволно средства од сојузниците за купување на првата серија од 300.000 артилериски гранати и дека вкупно 800.000 од тие гранати се достапни во трети земји.

Чешкиот претседател Петр Павел тогаш прецизираше дека на располагање се 500.000 парчиња муниција од 155 милиметри и 300.000 од 122 милиметри.

Муницијата може да се испрати откако за неа ќе се обезбедат средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...