Фон дер Лајен за заканите на Трамп: ЕУ треба да си го гледа сопствениот интерес

Европа треба да дејствува помудро во светот што стана потежок, вклучително и кон САД на Доналд Трамп, и да дејствува во свој интерес, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

-Европа треба да се соочи со светот таков каков што е, да носи одлуки врз основа на пресметана проценка на нејзините интереси, без емоции и носталгија за светот од минатото, рече Фон дер Лајен во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.

Таа изјави дека на некои „можеби не им се допаѓа оваа нова, посурова реалност, заснована на давање и земање“.

Додека Трамп го потресе светот заканувајќи се со царини, вклучително и кон ЕУ, и ја зголеми можноста за анексија на данскиот остров Гренланд, фон дер Лајен рече дека „нема сомнеж дека ќе мора да се вклучиме во тешки преговори, вклучително и со долгогодишни партнери“, алудирајќи на САД.

На вчерашниот состанок во Брисел лидерите на ЕУ го предупредија Трамп дека се подготвени да реагираат доколку тој воведе царини за увоз на нивната стока во САД, а Фон дер Лајен денеска предупреди дека трговската војна „нема да биде во ничиј интерес“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...