Браун поднесе оставка, нов премиер е Камерон

Лондон, 11 мај 2010 (МИА) - Гордон Браун поднесе вечерва оставка како британски премиер и ја посети британската кралица Елизабета во Бакингамската палата во Лондон, за да ја извести за својата одлука, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во исто време лидерот на конзервативната партија Дејвид Камерон е именуван за нов премиер на Велика Британија и доби мандат да ја состави новата британска Влада.

Оставката на Браун уследи откако конзервативците и либералдемократите на Ник Клег, малку пред тоа, конечно, се договорија за основите за создавање Влада.

Во уште еден ден на постизборните случувања, по вчерасната оставка на Браун како партиски лидер и обелоденувањето за заткулисните преговори меѓу лабуристите и претставници на Либералдемократската партија, денеска попладнето дојде до нов пресвет во преговарањето за новата британска влада.

Во Даунинг стрит 10 беше потврдено дека преговорите меѓу двете „прогресивни и идеолошки блиски партии“ се запрени и дека нема да продолжат, либералдемократите пак се вратија на преговорите со ториевците.

Извори блиски до двете партии потврдуваат дека лабурустите во преговорите биле многу потврди од ториевците и одбиле да ги прифатат и минималните барања за промена на изборниот систем во земјата, на што Ник Клег и неговата партија инсистираа.

Камерон со својата сопруга Саманта се наоѓа кај кралицата, по што уште вечерва ќе се пресели во премиерската резиденција во Даунинг стрит 10.

Гордон Браун беше премиер од крајот на јуни 2007 година. На таа функција не беше избран, туку го наследи Тони Блер кој се повлече после трите едноподруго изборни победи.

Пред тоа беше десет години Браун министер за финансии. Дејвид Камерон е лидер на Конзервативната партија од декември 2005 година. Тој е првиот премиер ториевец после 13 години, кои партијата ги помина во опозиција.

Камерон е најмладиот премиер на Велика Британија по речиси 200 години. Последен премиер конзервативец беше Џон Мејџор, кој ја наследи Маргарет Тачер и потоа остана седум години во Даунинг стрит 10. Беше поразен на изборите во 1997 година од тогаш младиот лабуристички лидер Тони Блер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...