Дејвид Камерон сака пеш да доаѓа во Парламентот и не се откажува од приватниот мобилен

Лондон, 22 мај 2010 (МИА) - Новиот британски премиер Дејвид Камерон сака да доаѓа пеш и без безбедносна придружба до зградата на Парламентот што е блиску до службената резиденција во Даунинг стрит 10, како и да го задржи својот личен мобилен телефон, што предизвика незадоволство и противење на безбедносните служби, јави дописникот на МИА од Лондон.

Нивни претставник изјави за „Тајмс“ дека доколку Камерон истрае на таа своја определба станува лесно подложен на можен терористички напад, на напад од некаков осамен „оцајник“, како и на сајбер-криминалците.

Освен тоа, доколку британскиот премиер се движи пеш низ Лондон се девалвираат тврдењата на британските безбедносни агенции за тоа дека земјата и натаму е цел на можен терористички напад од поголеми размери.

Британското контраразузнавање МИ5 на неколкупати досега предупредува дека не е намалена заканата за повторување на нападите како оние од 7 јули 2005 година, кога во лондонската подземна железница и во еден градски автобус беа убиени 52 лица.

Уште од моментот кога го прими мандатот од кралицата Елизабета пред помалку од две недели, Камерон настојува да се напуштат строгите мерки за лична безбедност предвидени за премиерот и за министрите.

Од Бакингамската палата до Даунинг стрит 10 Камерон се возеше во службен автомобил но без обезбедувањето од полицајци на мотоцикли, додека на една средба со пратениците во Вестминстер замина пеш движејќи се меѓу луѓето по Вајтхол.

Фотографијата на новиот премиер како се движи меѓу „обичните луѓе“ не забележан од пешаците, што ја објави „Тајмс“, предизвика вчудовиденост меѓу луѓето задолжени за безбедноста на британскиот премиер.

Тие сметаат дека не е во ред тој да се движи на тој начин низ градот, а во исто време на аеродромите да се спроведуваат ригорозни мерки на безбедност, додека зградата на Парламентот да се заштитува со тешки метални ѕидови.

Камерон и неговата сопруга се уште не се преселиле од својот приватен дом во северен Лондон во Даунинг стрит 10, а тоа не го прави ниту новиот министер за финансии кој според долгата традиција и службениот протокол, треба да живее во соседната куќа, во Даунинг стрит 11.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...