Русија сака размена на шпиони

Москва, 7 јули 2010 (МИА) - Русија сака да размени научник, кој излежува пресуда по обвинение за шпионажа во полза на Западот, за еден од осомничените руски агенти за шпионажа, приведени во САД, изјави денеска адвокатката на научникот.

Игор Сутјагин - експерт за нуклеарно оружје, беше осуден од руски суд на 15 години затвор во 2004 година, по обвинение за пренесување класифицирана воена информација на британска фирма, која според обвинителството, била параван на ЦИА.

- Тие сакаат да го разменат Сутјагин за еден од обвинетите за шпионажа во полза на САД. Настојуваат размената да се случи утре, изјави адвокатот Ана Ставицкаја. Таа кажа дека научникот прво ќе биде испратен во Велика Британија и оти не знае кога точно ќе биде разменет.

ФБИ минатиот месец уапси десет лица, осомничени за шпионажа во полза на Русија. Многу од приведените имале фалсификувани документи за идентификација и биле дел од мрежата, која собирала доверливи информации, проникнувајќи во политичките кругови во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Патуваат три плавуши со авион. Едната била македонка и целата била накитена со злато. Втората била Германка и била во мини, а третата била Американка и била речиси гола. И сега...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...