НАТО и Кабул имаат иста цел - повлекување на странските војници до крајот на 2014 година

Лисабон, 20 ноември 2010 (МИА) - НАТО и Кабул имаат исти стратешки цели за повлекување на страснките војници од Авганистан, но има уште многу прашања кои треба да бидат решени, изјави портпаролот и советникот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Ашраф Гани.

Карзаи денеска, на вториот ден од самитот на НАТО во Лисабон, ќе разговара со лидерите на Алијансата за повлекување на странските војски од Авганистан до крајот на 2014 година.

Во Авганистан стационирани се околу 130.000 припадници на Меѓународните сили за поддршка (ИСАФ), од кои поголемиот број се Американци.

Прретседателот на САД, Барак Обама истакна дека мисијата ИСАФ „влегува во нова фаза“ и дека 2014 година и понатаму е рок до кога контролата над безбедноста треба да им биде предадена на Авганистанците.

Некои земји-членки на Северноатлантската алијанса изразија загриженост дека Авганистан до 2014 година нема да биде пшодготвен за таквата задача, но хенералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен наведе дека „целта е реална“.

- ИСАФ и по 2014 година ќе има работа во Авганистан, но тоа воглавно ќе биде обуката на авганистанските сили, истакна Расмусен.

На првиот ден од самитот на НАТО, синоќа, лидерите се договорија за разработување на системот за противракетна одбрана со кој ќе биде заштитена територијата на сите европски држави-членки на Алијансата плус САД.

- САД и нашите сојузници од НАТО постигнаа значителен напредок. Среќен сум да објави дека првпат постигнавме договор за разработување на системот на противракетната одбрана, кој е доволно моќен за покривање на европската територија на НАТО и нејзиното население, како и САД, изјави синоќа Обама.

Системот на антиракетниот штит вклучува распоредување на американски ракети и радари во Европа. Земјите-членки на Алијансата ќе инвестираат 200 милиони евра за поврзувањето на антиракетниот штит со американскиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...