Утре ќе се знае одлуката за Асанж

Лондон, 15 декември 2010 (МИА) - Лондонскиот Виш суд утре ќе расправа за жалбата на шведските правосудни власти, по одлуката на судијата на судот во Вестминстер да го ослободи основачот на Викиликс Џулијан Асанж со кауција. Тогаш ќе се знае дали тој ќе остане во затвор до следната судска расправа за екстрадиција во Шведска, што е закажана за 11 јануари, или до конечната одлука на судот во Лондон, ќе може да се брани од слобода, јави дописникот на МИА од Лондон.

Шведските власти го обвинуваат контроверзниот Австралијанец за сексуално насилство и за силување, поради што беше распишана потерница за негово апсење, а подоцна Шведска и официјално побара Асанж кој се криеше на територијата на Велика Британија, да биде префрлен сослушување и евентуално судење во Стокхолм.

Асанж се спротивставува на екстрадицијата тврдејќи дека не се точни обвинувањата за криминалот што му се припишува, како и дека тие се политички мотивирани, за да се одврати интересот на светот од публикувањето на тајните документи на американската дипломатија.

Еден од неговите адвокати изјави денеска дека тие прифатиле да се исплати кауција од 200 илјади фунти на судот и уште два пати по 20 илјади фунти исплата за двајцата гаранти, но инсистираше дека тоа е овозможено благодарејќи на „големата поддршка“ што ја има меѓу активистите за човекови права, како и некои од познатите лондонски јавни личности.

Одбараната на Асанж и понатаму се сомнева во мотивите на шведските правосудни власти, тврдејќи дека обвинувањата се однесуваат за случаи на најнизок степен на силување, според шведскиот кривичен закон, за кои досега не барале екстрадиција. Адвокатите сметаат дека за тие обвинувања Асанж не може да биде екстрадиран, затоа што според британските закони тоа не е силување, не прифаќајќи дека делата се извршени во Шведска и подлежат на одредбите на тамошните закони.

Судот во Вестминстер за Асанж наложи да му биде одземен пасошот до конечното решение, да носи на раката електронска алка и секоја вечер да се јавува на полицијата во Сафолк, каде ќе престојува. Како место на живеалиште е определена куќата на британскиот новинар Ван Смит. Тој претпладнево изјави дека се согласил да му даде засолниште на Асанж, ако Вишиот суд утре го потврди ослободувањето со кауција, затоа што го поддржува, но призна дека не се согласува со сето она што беше јавно публикувано на Викиликс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...