Двомесечен притвор за поранешниот украински министер за внатрешни работи

Киев, 27 декември 2010 (МИА) - Судот во Киев го одби денеска барањето за пуштање на слобода со кауција на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Народна самоодбрана, Јуриј Лученко, одредувајќи му мерка притвор од два месеци.

Службата за безбедност на Украина вчера го приведе Лученко, а прес-службата на Главното обвинителство на Украина соопшти денеска дека против него е покрената кривична постапка поради сомневање за злоупотреба на службената должност.

Поранешниот министер претходно беше осомничен за присвојување на државен имот во договор со други лица, како и за пречекорување на службените овластувања.

Руските медиуми јавуваат дека истрагата утврдила дека Лученко нелегално ја зголемил пензијата на својот возач, Леонид Приступљук и оти денеска против него е покрената уште една кривична постапка поради пречекорување на овластувањата.

Истрагата против Лучено е една од серијата истраги против функционери на претходната влада, покренати откако претседателската функција во февруари ја презеде Виктор Јанукович. Обвиненија се покренати и против поранешната премиерка Јулија Тимошенко, на која и е забранет излез од земјата и поранешните министри за економија и за заштита на животната средина Бохдан Данилишин и Георгиј Филипчук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
- Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
- Не.
- Ах проклета женска заборавеност!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1529.- Османлиската војска под команда на...
1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет...
1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски...
1927.- Во Дојран е роден Христо...