Немаме договор со Муса Куса

Лондон, 31 март 2011 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека Владата во Лондон нема направено никаков договор со доскорешниот либиски министер за надворешни работи Муса Куса, кој вчера преку Тунис пребегна во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.

Според Камерон, бегството на еден толку висок функционер и човек од самиот врв на режимот на Гадафи, покажува колку е „очајничка состојбата“ во која се наоѓа либискиот водач.

Британскиот премиер ги повика и другите високи либиски функционери да го напуштат режимот на Гадафи и да и се приклучат на опозицијата и на силите на „нова“ Либија.

Бегството на поранешниот шеф на дипломатијата Куса, меѓутоа, не е дел од некаков договор, па затоа на Либиецот не му е даден дипломатски имунитет или посебен статус, вели Камерон кој потврди дека тој е дојден доброволно и дека на доброволно основа сака да разговара со британските власти.

Пребегнувањето на Куса во британската јавност ја покрена одново надежта за да се разберат сите детали околу бомбашкиот напад врз патничкиот авион на „Пан Америкен“ над Локерби, каде беа убиени 270 луѓе во авионот и жители на шкотското место.

Шкотските правосудни власти побараа денеска од Форин Офисот да им се дозволи контакт со Муса Куса, за да го испрашаат околу терористичкиот напад од пред 22 години, особено што тој 15 години беше раководител на либиската разузнавачка служба.

Дејвид Камерон објасни дека треба да се дозволи пристап до Куса за да се извршат потребните разговори, затоа што, како што рече, истрагата за „случајот Локерби“ се уште не е затворена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...