Реакција на претседателот на ЕК поради изјавата на унгарскиот премиер Орбан

Брисел, 16 март 2012 (МИА) - Европската унија денеска реагира на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ги спореди претставниците на Брисел со тирани.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо оцени дека „тие што ја споредуваат ЕУ со СССР покажуваат целосен недостаток на разбирање што е тоа демократија.

Орбан на вчерашниот митинг во Будимпешта ги критикуваше „европските бирократи“ нагласувајчи дека Унгарците „многу добро знаат што значи непосакуваната другарска помош, дури кога таа доаѓа облечена во елегантен косум, а не во воена униформа“.

- Нема да бидеме колонија. Унгарците нема да живеат под диктатот на странците, нема да се откажат од својата независност и слобода, посочи Орбан.

Десноцентристичката Влада на Орбан често е критикувана дека води автократиска политика. Неделава министрите за финансии од ЕУ замрзнаа 495 милиони евра од регионалните фондови за Унгарија, што земјата требаше да ги добие на почетокот од 2013 година. Средствата се замрзнати поради големиот буџетски дефицит на Унгарија

Европската комисија почна и кривична процедура со цел да ја натера Унгарија да го промени новиот Устав, со кој се ограничува независноста на судската власт и на централната банка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...