Јанез Јанша осуден на две години затвор

Љубљана, 5 јуни 2013 (МИА) - Главниот опозициски лидер во Словенија, Јанез Јанша, е осуден на две години затвор за земање поткуп во зделката од 2006 година со финската компанија за продажба на оружје „Патриа“, што е само еден од многуте корупциски скандали што го распалија јавниот гнев во Словенија за време на финансиската криза, соопштија британските медиуми.

Јанез Јанша негираше дека земал пари во поништеното купување на 135 оклопни возила „Патриа“, додека тој беше премиер, и се очекува да ја обжали одлуката на судот.

Други двајца судени во истиот судски предмет, исто така, беа прогласени за виновни и осудени на 22 месеци затвор.

Обвиненијата за корупција во високите нивоа на власта предизвикаа општествен гнев. Заради финансиската криза, Словенија може да стане последната земја во еврозоната што ќе побара меѓународен спасувачки план.

Шест лица во Финска се земени под судска одговорност во врска со истата зделка, а австриски суд веќе осуди еден австриски државјанин за корупција.

Договорот со „Патриа“ вреден 278 милиони евра беше поништен во 2012 година, откако се открија злоупотребите.

Финската влада поседува околу 73 проценти од „Патриа“, а останатите 27 проценти се на компанијата ЕАДС.

Јанша ги предводеше напорите на Словенија да се оддели од Југославија во 1991 година и беше премиер од 2004 до 2008 година, и повторно една година до март 2013 година.

Неговата десноцентристичка влада ја изгуби власта откако антикорупциската комисија соопшти дека Јанша не можел да го објасни потеклото на значителен дел од неговите доходи во последните неколку години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...