Постигнат договор за решавање на кризата во Украина

Киев, 21 февруари 2014 (МИА) - На преговорите во Киев кои утрово беа прекинати е постигнат договор за решавање на кризата во Украина.

Се очекува тој да биде парафиран претпладнево, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Виктор Јанукович.

На официјалната интернет страница не се дадени детали од договорот, туку е само наведено дека преговорите меѓу Јанукович, лидерите на украинската опозиција и претставници на ЕУ и Русија се завршени.

На разговорите учествуваа украинскиот претседател Виктор Јанукович, опозициските лидери Арсениј Јацењук, Виталија Кличко и Олег Тјагнибок, министрите за надворешни работи на Германија, Полска и рускиот омбудсман Владимир Лукин. Разговорите траеја речиси осум часа. Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус кој пристигна вчера во Киев со германскиот и полски колега, отпатува од украинскиот главен град.

Министерството за здравство изутринава соопшти дека бројот на загинати во Киев од почетокот на немирите во украинскиот главен град во вторникот достигнал 77 лица. Повредени се 577 луѓе, од кои 369 побарале лекарска помош.

Претходно демонстрантите во Киев ги ослободија полицајците кои беа заложници на радикални лица кои учествуваа во протестите на плоштадот Независност. Ослободувањето се случило по ангажман на опозициски парламентарци, јави ИТАР-ТАС.

Учесници во протестите успеаја вчера да го пробијат кордонот на полицијата на плоштадот и земаа за заложници меѓу 60 и 70 полицајци. Локални медиуми јавуваат дека голем дел од нив биле кадети од полициска академија и според очевидци биле на возраст меѓу 18 и 20 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...