Се наѕира светлина на крајот од тунелот во украинската криза

Берлин, 9 јуни 2014 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека првпат во украинската криза се наѕира „светлина на крајот од тунелот“, но и предупреди дека почетокот на дијалогот на украинското и руското раководство не смее да пропадне.

- Во украинската криза по повеќе месеци првпат се гледа слаба светлина на крајот од тунелот. Иако се уште не сме ниту близу до решение на кризата, сепак, по месеци интензивни дипломатски напори, страните во конфликтот конечно разговараат една со друга, рече Штајнмаер пред утрешниот негов состанок во Санкт Петербург со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и со полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Според Штајнмаер, дијалогот меѓу украинското и руското раководство во никој случај не смее да пропадне.

- Контакт групата, која ја сочинуваат претставници на Украина, Русија и ОБСЕ, мора да се сконцентрира на прекин на насилството и кон тоа националниот дијалог да се води на тркалезната маса, рече Штајнмаер.

Тој наведе дека во разговорите во Санкт Петербург со Лавров и Сикорски сака да се направи анализа како позитивните моменти од последните денови да се искористат процесот на деескалација да стане неповратен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...