Четврти Конгрес на Конфедерацијата на слободни синдикати

Скопје, 21 декември 2015 (МИА) - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска во Скопје го одржува четвртиот Конгрес, со кој одбележува и 10 години од своето постоење.

Делегатите на Конгресот треба да изберат претседател на КСС за наредните пет години. Единствен кандидат е Благоја Ралповски, кој во изминатите девет месеци е в.д. претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати. 

- На конгресот треба да донесеме низа документи, програмски активности и резолуции, за кои напорно работевме во изминатите месеци со членовите на Синдикатот. Денес е голем ден за КСС затоа што прославуваме и 10-годишнина од нашето постоење и на тоа ќе дадеме акцент на Конгресот, како и избор на претседател на КСС, изјави Ралповски. Додаде дека како единствен кандидат добил писмена поддршка од сите 11 грански синдикати во составот на КСС. 

На отворањето на Конгресот со реферат се обрати почесниот претседател и основач на КСС Дојчин Цветановски, кој се осврна на синдикалниот амбиент во Македонија пред една деценија кога се соочиле со предизвикот  да формираат нова синдикална организација.

- КСС до 28 декември 2005 беше желба, оттогаш и до овој конгрес - надеж. Ајде се да направиме, се разбира со тоа што е легитимно и легално, и со моќта што ја имаме, да биде реална сила на новото време, која уште од утре ќе почне континуирано да ги решава заедно со тие што легитимно можат да прифатат, на сите нивоа - од работодавец се до до централната власт, да го дадат тоа што реално можат, а легитимно им припаѓа на работниците во нашата држава, рече Цветановски. 

Конфедерацијата на слободни синдикати е основана на Конгрес на 28 декември 2005 од: Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Синдикатот за одбрана и заштита, Синдикатот на финансиските работници и Независниот синдикат на железничарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...