До пладне во ДИК никој не поднел кандидатски листи за пратеници

Скопје, 11 мај 2016 (МИА) - Демократската унија за интеграции (ДУИ) и СДСМ, како што потврдија партиски претставници, денеска нема да поднесат листи за кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи за МИА потврди дека партијата денеска нема да поднесе листи, а тоа, како што и претходно најавија, нема да го сторат и од СДСМ.  

Од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА засега нема официјална информација дали и кога ќе поднесат листи.  

До пладне, како што информираат од Државната изборна комисија (ДИК), нема поднесено кандидатски листи.

Само НДМ на Јанко Бачев најави дека ќе поднесе листи.  

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, вечер на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Откако ќе ги добие листите, ДИК има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...