ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи, СДСМ, ДИУ и ДПА не одат на избори

Скопје, 12 мај 2016 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија (ДИК) синоќа поднесе листи со имиња на кандидати за пратеници, за предвремените парламентарни избори закажани на 5-ти јуни. Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.



Листите со имињата на кандидатите во ДИК ги поднесоа претставници на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е носител во првата изборна единица, во втората министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во третата координаторот на пратеничката група, Илија Димовски. Носител на листата во четвртата изборна единица е министерот за здравство, Никола Тодоров, во петтата Антонио Милошоски, а пратеникот Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица.

Како што изјави претседателот на УМС, Владимир Неловски,  според ВМРО-ДПМНЕ,  исполнети се сите услови за фер и демократски избори.

До ДИК вчера листи со кандидати поднеле и партијата Народно движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев  и Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски.

Според Роковникот за извршување изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни,  синоќа на полноќ истече рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

По добивањето на листите, ДИК има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...