Оставки на членови на ДИК по скандалот со делењето високи бонуси

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски вчера поднесе оставка, откако беше обелоденето дека членовите на ДИК си земале високи бонуси за последните изборни циклуси, а во меѓувреме беше почната и интернет-петиција со која се бараат оставки од деветмината членови на ДИК, која ја потпишаа над 5.000 лица.



Чичаковски посочи дека оставката е негов личен чин.
До собраниската архива барање за предвремен престанок на функцијата поднеле и членовите на ДИК предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, потврдуваат од Парламентот.
Чичаковски е прв човек на ДИК од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Пржинскиот договор, а Дума и Милев се предложени од редот на политичките партии.

Засега нема информации дека други членови на ДИК си поднеле оставка, иако некои од нив потврдуваат дека веќе им се напишани.
Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на членовите на ДИК да ги вратат парите од бонусите, заради критиките на јавноста, како и оставките на дел од нив оценувајќи ги како морален чин.

- Се работи за исклучителни професионалци кои имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. Одлуката што ја донесоа знам дека е законска, но веројатно е неетичка и неморална. Јас го поздравувам чинот што го поднесоа сите, а тоа е враќање на парите назад во буџетот, а истовремено поднесоа и лична одговорност како морален чекор, веројатно заради критиките на јавноста, рече Заев.

Со став за делењето високи бонуси се јави и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

- Оставките на претседателот на ДИК Александар Чичаковски и на членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, се порака која Владата сака да ја испрати до јавноста дека прифаќа критики и оти нема да практикува неодговорно однесување, изјави Шекеринска.

Според неа, важно е сите избрани функционери во Владата да станат свесни дека нашето однесување и одлуки се на тест на јавноста и дека секој од нас мора да може да ја одбрани одлуката ако постои основа за тоа.

- За погрешно донесени одлуки во ова насока Владата ќе влече потези и ќе покаже дека не сме исти, рече Шекеринска.

Скандалот дека членовите на ДИК си делеле високи бонуси минатата недела го обелодени американскиот амбасадор Џес Бејли, кој посочи дека ова е школски пример што отвора сомнеж за корупција, додавајќи дека дури и да е легална одлука, проблемот е што е донесена зад затворени врати и не е јавно објавена.

Јавноста тогаш упати остри осуди и обвинувања до членовите на ДИК, што вчера резултираше и со оставки на членовите на Државната изборна комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...