Македонија на тест, сите повикуваат на разум пред протестите

Апели за разум и мирни протести испрати државниот врв, политичките партии и дипломатските претставништва во Република Македонија во пресрет на протестите најавени за денеска и утре поврзани со петкратното убиство и апсењата во операцијата „Монструм“.

Премиерот Никола Груевски апелираше до граѓаните да бидат внимателнии да не влегуваат во нечии сценарија кои би го нарушиле соживотот во Македонија. Тој рече дека правото на протест е демократско и гарантирано, но секој треба да води сметка за сопствената одговорност.

Од ДУИ им порачаа на учесниците на денешните протести да го искажат својот став на достоинствен, мирен и демократски начин. Тие апелираа до граѓаните да имаат трпение и да им дозволат на институциите да ја завршат својата работа во случајот со петкраткното убиство.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи ги повика Албанците да не учествуваат на протестите најавени за денеска, затоа што не се знаат организаторите.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на вчерашната партиска трибина во Струга рече дека рачистувањето на петкратното убиство кај Смиљковското езеро било предизвик за Министерството за внатрешни работи и тест за општеството и покажало дека Македонија е сериозна држава.

Според неа со расчустувањето на убиството се покажало дека Македонија е сериозна држава, чии институции имаат капацитет да се справат и со најсериозните проблеми и да одговорат на најсериозните предизвици.

Амбасадата на САД во Република Македонија повика на мирно искажување на мислењата на граѓаните:

- Знаеме дека има повици за оддржување на протести во целата земја утре и во сабота во врска со минатомесечното убиство на петте лица во близина на селото Смилковци. Додека правото на собир и мирно изразување на мислењето мора да се почитува, ние и натаму ги повикуваме сите граѓани да ги искажуваат своите мислења на мирен начин, да останат смирени и да дозволат во овој случај законскиот процес да се одвива по својот тек, во согласност со законите и со судските процедури во Македонија, се вели во изјавата на Амбасадата на САД.

Протестите, според социјалните мрежи, ќе започнат по денешната - петочна молитва под мотото „Стоп на монтираните случаи“. Се очекува незадоволството да биде искажано во Скопје, Кичево, Гостивар, Куманово, Дебар и Струга.

За утре е најавен и контрапротест, но овој пат против „исламскиот радикализам“ и оние што се спротиставуваат на полициската акција за пронаоѓање на убијците на петкратното убиство кај Смиљковското езеро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...