Протести во Скопје, Куманово и Тетово

Скопје, 11 мај 2012 (МИА) - Групата која протестира поради акцијата „Монструм“ и апсењето на осомничените за петкратното убиство кај Смиљковци, што по петочната молитва тргна од џамијата Јаја Паша, пристигнаа пред зградата на Владата на Република Македонија.

Протестот засега се одвива без поголеми поголеми инциденти. Оштетена е автобуската постројка кај Владата, а групата, претежно млади луѓе, извикуваат „УЧК“, „Обединета Албанија“, а на транспарентите кои ги носат пишува „Муслиманите не се терористи“, „Сопот 2“.....

Забележливо е засилено полициско присуство. Демонстрантите, кои велат дека се организирале самоиницијативно преку социјалните мрежи, на новинарите им поделија соопштение во кое се наведува дека „протестираат за навредите кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Велат дека ја споделуваат болката на семејствата на младите убиени Македонци и бараат вистинските убијци да бидат изведени пред лицето на правдата.

Тие посочуваат дека се згрозени од албанските политички партии, односно дека заменикот министер на МВР Џељал Бајрами и портпаролот на ДУИ Бујар Османи ги легитимирале навредите врз албанскиот народ.

Протести, како што јавуваат дописниците на МИА, попладнево почнале и во Тетово и Куманово. 

На тетовскиот градски плоштад се собраа околу 200 лица кои се упатија кон судот, а најавија дека ќе одат и пред седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Во Куманово протестите почнаа во центарот на градот, продолжија кон судот, општинската зграда и полиција. Инциденти не се регистрирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Знаете ли зошто статуата на слободата во Њујорк е жена?
-Им требало празна глава за да направат ресторант!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1215.- Англискиот крал Џон ја потпиша Големата...
1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и...
1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки...
1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих...