Протестот пред Владата заврши - искршени неколку прозорци на зградата на Владата

Скопје, 11 мај 2012 (МИА) - Заврши протестот пред Владата на Република Македониja. Демонстраните ја каменуваа владината зграда при што се искршени неколку прозорци, а ја демолираа и автобуската постојка што се наоѓа во близина. Не е регистриран директен судир со полицијата, но дел од групата се обидоа да се пресметаат со новинарските екипи.

Групата, претежно млади луѓе, протестот го почна по петочната молитва пред џамијата Јаја Паша, по што се упати кон комплексот судови, а потоа кон Владата на Република Македонија.

Извикуваа „УЧК“, „Обединета Албанија“, а на транспарентите кои ги носат пишува „Муслиманите не се терористи“, „Сопот 2“.....

Демонстрантите, кои велат дека се организирале самоиницијативно преку социјалните мрежи, на новинарите им поделија соопштение во кое се наведува дека „протестираат за навредите кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Велат дека ја споделуваат болката на семејствата на младите убиени Македонци и бараат вистинските убијци да бидат изведени пред лицето на правдата.

Тие посочуваат дека се згрозени од албанските политички партии, односно дека заменикот министер на МВР Џељал Бајрами и портпаролот на ДУИ Бујар Османи ги легитимирале навредите врз албанскиот народ.

Протести, како што јавуваат дописниците на МИА, попладнево се одржуваат и во Тетово, Куманово и Гостивар.

На тетовскиот градски плоштад се собраа околу 200 лица кои се упатија кон судот, а потоа кон седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Во Куманово протестите почнаа во центарот на градот, продолжија кон судот, општинската зграда и полиција. Инциденти не се регистрирани.

Во Гостивар, демонстрантите носејќи исламски верски симболи и знамиња на Албанија, протестираа по улиците во центарот на градот и пред зградата на Основниот и Апелацискиот суд.

Не се регистрирани инциденти во Тетово, Куманово и Гостивар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...