Одлука за забрана на скутери во езерата

Скопје, 11 јули 2012 (МИА) - Предвреме да стапи во сила одлуката за забрана на скутери ќе побара денеска на седница на Владата министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Владината одлука за ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро треба да стапи во сила на 20 овој месец, но ќе се бара да почне да важи што поскоро поради веќе присутните скутери во езерските води, како резултат на потоплата сезона.

 - Денеска на седница на Владата ќе го отворам ова прашање побргу да важи мерката за возењето на скутерите. Оваа година имаме потопла сезона од претходните  и затоа има порано  возење скутери. Доколку Владата одлучи да се помести границата односно наместо 20 јули,  тоа да биде со денешен ден, ќе информираме за тоа, рече Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Според сегашната владина одлука, забраната ќе се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум три лица. Ограничувањето важи за периодот од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро,  со времетраење до 20 август.

Јанакиески информира и дека  Капетанијата  во Охрид функцинира беспрекорно и покрај тоа што уште не е избран капетан, а за што е во тек процедура.  Во меѓувреме овластил повеќе лица за  вршење на потребните работи во Капетанијата, која што, истакна,  не треба да се користи за политички цели.

- Капетанијата функционира со својот  целокупен капацитет. Наскоро кога ќе завршат сите  процедури ќе се назначи капетан. Имам назначено лица за конкретни области,  за издавање дозволи, контрола, ..... што значи дека капетанијата функционира беспрекорно, посочи министерот за транспорт.

Тој информира и дека Министерството  за транспорт и врски го следи случајот  со уривањето на потпорниот ѕид кај станбена зграда на Водно и ќе се вклучи со своите надлежности доколку процени дека има потреба. Општина Центар, појасни,  има директна надлежност во процесот на  носење детални урбанистички планови, издавање  одобренија за градење,  контрола на терен, техничкиот прием во зависност од тоа кога е граден објектот.

- Исто така, при градење каков  било објект вклучително и потпорен ѕид неопходно е да се направат  геомеханички испитувања и  проект за статика. Министерството за транспорт и врски настапува онаму каде што гледа дека воопшто  не постапуваат локалните инспектори. Според информациите што ги имам од Општина Центар локалните инспектори се на терен и  вршат контрола и надзор на она што се има случено. Будно ќе го следиме случајот и ќе се вклучиме доколку оцениме дека има потреба, наведе Јанакиески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...