СЗО: Делта сојот ги замени останатите три загрижувачки варијанти

„Загрижувачката“ делта варијанта на коронавирусот, присутна во 185 земји низ светот, ги замени другите три загрижувачки варијанти – алфа, бета и гама, кои сега претставуваат помалку од еден процент од сите случаи на заразени, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО ).



Сите вируси, вклучувајќи го и САРС-КоВ-2, што го предизвикува Ковид-19, мутираат со текот на времето.

Појавата на варијантите кон крајот на 2020 година, што претставуваше зголемена закана за глобалното јавно здравје, ја натера СЗО да означи варијанти што треба да се „следат“ и други „загрижувачки“ варијанти, со цел да се даде приоритет на набљудувањето и истражувањето на глобално ниво.

„Делта варијантата сега преовладува. Всушност, помалку од еден процент од моментално достапните секвенци се загрижувачките варијанти – алфа, бета и гама“, одговори директорката на техничката екипа на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове, на социјалните медиуми.

-Овој вирус стана посилен, полесно пренослив и ги замени другите вируси, додаде таа, прецизирајќи дека тој е присутен во 185 земји.

СЗО одлучи да ги именува варијантите што треба да се следат и се загрижувачки, според буквите од грчката азбука, со цел да се избегне каква било стигматизација на една земја и да и се овозможи на јавноста полесно да ги изговара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафич и му вика на шанкерот:
- Дај ми две дупли вотки.
- Ти изгледа си имал многу тежок ден, а?
- Абе остај, открив дека постариот брат ми е педер.
Доаѓа...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1216.- Умре англискиот крал Џон Без Земја,...
1735.- Роден е Џон Адамс, втор по ред...
1745.- Во Даблин умре Џонатан Свивт, најголем...
1812.- Францускиот цар Наполеон I нареди...