Заменик министерот Петров во посета на Струмица и Босилово

Струмица/Босилово, 4 април (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров денеска ги посети неклку населени места во општините Струмица и Босилово.

Петров на средбата со градоначалникот на Струмица Зоран Заев истакна дека обиколката на општините низ Македонија не е политички маркетинг, туку запознавање на граѓаните со работата на Владата.

- Во преговорите меѓу Македонија и Европската комисија предвидено е олеснување на визниот режим за жителите од пограничните зони. Бидејќи Струмица граничи со Бугарија и со Грција најверојатно нејзините жители овие две граници ќе ги поминуваат само со патни исправи без визи, истакна Петров.

Тој информира и за активностите на македонските дипломатско-конузларни претставништва во светот за претставување на можностите за инвестирање во Македонија. Македонското МНР работи и на директни контакти со странски стопански комори, рече Петров.

Струмичкиот градоначалник Заев го запозна заменик-министерот со плановите за развој на Општината при што наведе дека е предвидена изградба на индустриска зона, на агроберза, на три грчки фабрики за кожа, за текстил и конзервна фабрика, а нагласи дека е во тек и изградбата на градскиот пазар кој е еден од најголемите во Македонија.

Заев потенцира дека Општината за да привлече странски инвестиции има стопроцентно ослободување од плаќање комуналии и дава право на користење на странските инвеститори во рок од 98 години.

Тој рече дека на иницијатива на македонските иселеници во Италија деновиве ќе се стават темели на Македонска православна црква во Пјаченца, Италија.

Заменик-минисерот Петров се сртена и со градоначалникот на Босилово Ѓорѓи Манушев. На средбата стана збор за програмата на Владата, како и за потенцијалите и можностите што ги нуди Општината.

- Обиколката на населени места во Македонија од страна на министрите, замениците-министри и државните секретари е со цел поблиску да се запознаеме со проблемите на граѓаните кои потоа се пренесуваат на Влада и што е можно побрзо истите да се стават на приоритетна листа за решавање, истакна Петров.

Градоначалникот Манушев го запозна заменик-министерот со преземените проекти и плановите за развој на Босилово, како и со проблемот за откуп на раноградинарските производи.

- Министерството за надворешни работи во изминатите шест месеци ги ангажира дипломатско-конзуларните претставништва за промоција на Македонија. Во забелешките на дипломатско-конзуларните претставништва беше истакнато дека тие немаат пропаганден материјал со потенцијалите и можностите на општините, истакна Петров. Притоа посочи дека општините треба да изработат брошури за нивно претставување во странство со цел да се помогне во нивниот економски развој.

Заменик-министерот за надворешни работи претходно имаше средба со жителите на Дабиле, а предвидена е и средба со жителите на Петралинци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела овца по патот и кога сакала да помине низ една ограда се заглавила, Поминува тука некој Американец, ја гледа овцата и си вели:
"Ех, да беше ова Мерилин Монро." И си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на културната различност.
1471.- Роден е германскиот сликар и бакрорезец...
1471.- Во лондонскиот затвор „Тауер“ е убиен...
1527.- Роден е шпанскиот крал Филипе Втори, кој...