Либерман: Израел има сериозни информации дека

Иран и Хезболах стојат зад нападот во Бугарија

Тел Авив, 19 јули 2012 (МИА) - Израел располага со сериозни информации дека Иран и либанското шиитско движење Хезболах, кое тој го спонзорира, стојат зад вчерашниот крвав напад врз изреалските туристи во Бугарија, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман.

- Зад нападот стои Хезболах во тесна соработка со иранскиот Корпус на гардистите на исламската револуција, нагласи Либерман.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште вчера за нападот го обвини Иран и истакна дека Израел ќе реагира на ударот.

- Сите знаци водат до Иран. Само во изминатите неколку месеци видовме ирански обиди за напад врз Израелци во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија, Кипар и други места. Точно 18 години по експлозијата во Еврејскиот центар во Аргентина, иранскиот терор продолжува да зема невини жртви. Тоа е ирански терористички напад, кој се протега низ целиот свет. Израел ќе реагира моќно пртив иранскиот терор, изјави Нетанјаху. На 18 јули 1994 година припадници на Хезболах подметнаа експлозија во Еврејскиот центар во Буенос Аирес, при што загинаа 86 лица.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак денеска оцени дека Израел се соочува со светски терористички бран, спонзориран од Иран. - Ние сме исправени пред светски терористички бран.... Атентатот во Бургас беше извршен од активисти на Хезболах и спонзориран од Иран, изјави Барак.

На 5 јануари се појавија информации дека израелските власти стравуваат од терористички напади врз Израелци во Бугарија, во организација на Хезболах, како одмазда за убиството на нејзиниот функционер Имад Мугне.

Иран од своја страна индиректно преку иранската државна телевизија ги отфрла обвинувањата за вмешаност во нападот во Бургас.

Во коментар објавен на Интернет страницата на  телевизијата, тврдењата на Нетанјаху и на други израелски претставници за вмешаноста на Иран во нападите се означени како „смешни и сензационалистички“.

Според иранската телевизија, израелските обвинувања се обид за дискредитирање на Иран и неговите сојузници, како што е Сирија.

Засега нема официјални изјави од иранските власти во врска со вчерашниот бомбашки напад врз автобусот со израелски туристи на аеродромот во Бургас, во кој загинаа најмалку осум лица, а 30 се повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...