Лазаров, нов крал на стрелците

Од вчера Кире Лазаров е новиот крал на стрелците на Светските првенства. Головите кои ги постигна на средбата против Кореја го однесоа на бројката од 92 погодока на целиот шампионат, а тоа е за шест гола подобар резултат од резултатот на Кјунг-Шин Јоон, кој од вчера е само втор на вечната листа.

Кире Лазаров постави рекорд кој дефинитивно е голем успех не само за него туку и за цела Македонија. Со ваков резултат само мал број спортисти може да се пофалат во својата кариера, а Лазаров по многуте награди во Лигата на шампионите сега успеа да стигне и до награда за најдобар стрелец на Светските првенства.

"Прекрасно е да си најдобар стрелец на Светските првенства. Се уште не сум свесен што направив на овој Мундијал и дури откако ќе одморам добро веројатно ќе успеам да сфатам што се случуваше на натпреварите и што ни се случи на нас Македонците во Хрватска. Покрај тоа што сум најдобар стрелец на Светското првенство, успеав да го срушам и рекордот. Цела Македонија треба да биде среќна и горда на она што го направивме на првенството. Ова е рекорд за кој мислам дека долго ќе остане во историјата на светскиот ракомет и уште долго никој нема да успее да го сруши", коментираше Кире Лазаров по средбата во која уште еднаш беше најдобриот поединец.

Ова беше натпревар кој покажа дека оваа екипа може да трае долго време и може да бележи уште долго квалитетни резултати. Меѓутоа, мора да се верува во составот бидејќи само така ќе може да се постигнува она што се посакува, а тоа секако е пласман и на следните големи натпреварувања и уште подобри резултати во завршницата.

"Горд сум исто така и поради тоа што со победа го завршив Светското првенство. На теренот се чувствувавме добро и одигравме одличен меч против една Кореја, која ја елиминираше Шпанија. Уште еднаш си докажавме самите на себе дека можеме да им парираме на сите репрезентации. На последните средби го немавме здрав Наумче Мојсовски и Стевче Алушевски, а против Кореја бевме и без Ванчо Димовски. Го немавме и Раде Стојановиќ кој се мачеше со повреди и не успеа да се залечи. Од баражот со Исланд ни недостигаа четири стандардни ракометари, но успеавме да одиграме на високо ниво. Сега ќе трпат клубовите, но секогаш кога се игра за државата претставува посебна чест и секогаш даваш се од себе".

На средбата против Кореја, Лазаров постигна дури 15 гола. Од него се чекаа барем десет погодоци, а тој успеа да го надмине сето ова за да успее на крајот да дојде до резултат со којшто тешко дека некој ќе се пофали на првенствата кои претстојат. Да игравме уште една средба тогаш сигурно ќе имаше и над 100 гола, па тоа ќе беше уште подобар резултат.

"За Кореја се имавме подготвено одлично во тактичкиот дел. Успеавме да го скршиме нивниот ритам. Играат одлично 3-3 одбрана, а ние со една добра и колективна игра во нападот со многу асистенции едноставно ги направивме смешни и мислам дека сме можеби единствената репрезентација која успеа да ги надигра. Корејците, чиј највисок играч е 185 сантиметри, немаа решение и вратија на 6-0 и сметам дека треба навистина да не знаеш ракомет за да не ја пробиеш таа зона".

Иако најдобрите коментари ќе дојдат дури откако сите ќе одморат и ќе имаат барем ден-два за сумирање на постигнатото, сепак, Лазаров даде едно свое кусо видување за она што недостига во репрезентацијата на Македонија во моментов, за да можеме да бидеме уште подобри.

"Ни недостига мало искуство и доколку би играле во поголеми лиги сигурно се би било полесно. Не ги потценувам Металург и Вардар Про туку им давам поддршка за тоа што го прават. Би бил уште посреќен кога и Пелистер и уште некој друг тим би биле на тоа ниво па нашата лига би била уште посилна и би имале поквалитетни натпревари. Потребно ни е да имаме средби во кои ќе знаеме како да реагираме кога ќе биде постојано напната атмосфера и само така би знаеле како да се снајдеме во тешките моменти. Имавме можеби 4-5 дуели на ова првенство на кое не знаевме како да реагираме во клучните делови од средбата, но тоа сигурно ќе биде подобро во иднина", заврши Лазаров.

Доживотна пензија во Македонија

За постигнатиот резултат и поставувањето на нов рекорд на Светските првенства Кире Лазаров, најверојатно, ќе добие доживотна спортска пензија, која ќе почне да тече од моментот кога ќе се пензионира од ракометот. Освојувањето на наградата за најдобар стрелец на СП се категоризира како и освојување медал на големо натпреварување.

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ НА СП

ВЕЧНИ ТОП 10

92 - Кирил Лазаров (Мкд, 2009)

86 - Кјун-Шин Јон (Кор, 1995)

81 - Висем Хмам (Тун, 2005)

67 - Јае-Вонг Канг (Кор, 1986)

66 - Гудјон Сигурдсон (Исл, 2007)

65 - Василе Стинга (Ром, 1982)

64 - Карлос Перез (Унг, 2003)

62 - Кјун-Шин Јон (Кор, 1997)

61 - Едуард Кокшаров (Рус, 2001)

57 - Роландо Уриос (Куб, 1999)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...