Витки и здрави без диета

Постојат многу популарни диети на пазарот кои гарантираат успешно слабеење за 5,7,10 дена, 1месец..... Прочитајте ги овие совети. Ќе научите како да се храните здраво цел и никогаш да немате потреба од строги нездрави диети.

1. Определете си самите колку калории дневно ви се потребни - немојте да се водите по диети, бидејќи секој човек е различен. Ако лесно и брзо се здебелувате тогаш 1500 калории за жена и 2000 за маж се доволни. И вашата телесна градба е многу важна. Ако сте покрупни ви требаат повеќе калории, ако сте поситни помалку. Исто така ако сте физички активни можете да внесете и повеќе калории. Самите ќе почувствувате колку храна дневно ви е доволна за да се чувствувате и изгледате убаво.

2. Не плашете се од храната што дебелее - и мастите му се потребни на телото за да функционира. Затоа комбинирајте ги мастите од храната заедно со други продукти за да може вашиот организам успешно да ги употреби мастите. Маслиново, рибиното и сончогледовото масло корисни се за организмот. Внесете ги овие видови на масло наместо они кои содржат многу холестерол и ќе бидете и витки и здрави.

3. Јагленохидратите се важни - ова е најважниот извор на енергија за организмот. Но умешноста е да ги изберете правите јагленохидрати. Простите јагленохидрати како што се лебот и шеќерот не се добри за организмот, зато треба да ги внесете во вашето мени сложените јаглехидрати на пример ориз, интегрално брашно и овес.

4. Поголемите оброци јадете ги порано - метаболизмот се забавува како привршува денот. Тоа значи храната се претвора во масти кои се лепат за вас. Вашиот организам е попасивен кон крајот на денот и не му треба многу енергија па затоа она што ќе го внесете навечер не се разградува и не се претвора во енергија. Најдобро е средно голем оброк наутро, најголемиот оброк нека ви биде ручек, а за вечера консумирајте што е можно помалку храна.

5. Никогаш не го прескокнувајте појадокот - луѓето кои не појадуваат се подебели од они кои редовно го прават тоа. Ако го прескокнете појадокот, ќе се чувствувате прегладнети за ручекот и ќе се прејадете, храната нема да се согори туку организмот ќе ја складира и ете ви дополнителни килограми.

6. Нека јадењето ви биде забавно - забавувајте се не само со храната туку и со оброкот. Јадете со семејството и пријателите наместо да јадете сами пред телевизорот. Кога уживате во оброкот јадете пополека, а со тоа му давате време на организмот да ја согорува храната и побргу да се засити.

7. Дадете си слободен ден - значи еден ден во неделата уживајте во храната што навистина ја обожавате. Изедете 2,3 сочни парчиња пица или дупло парче чоколадна торта во сабота. Овој слободен ден ќе ви помогне да се одржите во денови кога треба да внимавате на исхраната. Во специјалните прилики како на пример родендени дозволете си малку повеќе слобода.

8. Избегнувајте премногу алкохол - пиењето освен што е штетно за вашиот организам, исто така и штети и на вашата волја. Една пијана ноќ најверојатно ќе ве одведе до прејадување и тоа со најлошата храна. Но една чаша вино или пиво може да биде здрава за вас. Виното помага при настинка, а може и да ве релаксира. Консумирањето на кофеин во поголеми количини може да штети на здравата исхрана бидејќи го стимулира производството на инсулин во организмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби