НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ЗА ЖИВОТОТ И СМРТТА

Умрев од рак и се вратив од мртвите

Дали постои живот после смртта? Според модерната медицина, одговорот на ова прашање е мошне едноставен. Еднаш кога ќе престанат биолошките функции на телото, завршува сè. Сепак, во светот постојат илјадници луѓе кои биле на работ на смртта, имале необично искуство и се вратиле меѓу живите да посведочат за она што го преживеале.

Анита Морџани е жена чија приказна се граничи со фикција. Во 2006-та година завршила во кома поради рак во финална фаза. На семејството му било соопштено дека треба да ги искористи последните моменти покрај смртната постела за да се прости од неа бидејќи повеќе нема никаква надеж.

Но, приказната добива неочекуван пресврт откако Анита се буди од кома и за неколку дена ракот целосно се повлекува од нејзиното тело.

-Дојдов до оној стадиум кога докторите мислеа дека нема да преживеам. Органите полека, но сигурно ми откажуваа, имав отворени рани по целото тело, имав тумори со големина на лимон во своето тело. Бев како скелет, белите дробови ми се полнеа со течности, без приклучена на апарати за да можам да дишам, раскажува таа.

Додека била во кома доживеала нешто сосема необично.

Можев да слушнам сè, не само во болничката соба, туку и надвор од неа. Изгледаше како да не сум поврзана со телото. Мојата свест, суштина, не знам како да ја наречам беше надвор од моето тело. Бев свесна дека телото ми е во болница, но од страна изгледаше мало и незначајно. Јас бев насекаде. Можев да го видам сопругот, кој ме држеше за рака, како и мајка ми, која беше тажна и разговараше со докторот.

Морџани ги поттикнува сите оние кои имаат роднини и пријатели, кои се во кома, да зборуваат со нив и никогаш да не губат надеж, бидејќи болните можат да ги слушнат. Личноста што е во кома треба да знае дека што и да одлучи да прави, нема погрешен или вистински избор.

-Сè станува кристално јасно. Бев свесна за целиот мој живот и за тоа како секоја одлука што сум ја направила во животот ме довела до тој момент, да умирам во таа болница. Сфатив зошто сум добила рак. Сфатив дека цел живот се плашам, сакам да ги задоволам другите луѓе, не грижејќи се за себе целосно сум го загубила својот идентитет. Се потиснав себе си и тоа доведе до мојата болест, објаснува Морџани.

Таа додава дека Бог е енергија, универзална свест и љубов, а не тело како што го перципира човекот. Кога одите на погреб лесно може да забележите дека пред вас е само празно тело, додека суштината на тоа тело е некаде на друго место. Токму тоа е она нешто, што и пркоси на биологијата и на медицината. Луѓето не можат да го сфатат концептот на душата затоа што се научени да ги сфаќаат и анализираат нештата само од својата човечка перспектива. Во суштина постои многу повеќе од она што може да го види нашето око.

-Еден од проблемите кои ги имаат луѓето е фактот што ја загубиле својата радост за живот. Сме заборавиле кои сме, немаме страст за своите животи. Секогаш им велам на луѓето да го допрат своето срце и покажете кои сте. Живејте со радост, препорачува Морџани, чие животно искуство можете да го прочитате во книгата „Dying to be Me - My journey from cancer to near death to true“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби