Во Њујорк моментално може да се видат некои од најекстравагантните декорации на маси. Проектот „Dining By Design“ секоја година собира бројни дизајнери и уметници кои декорираат прекрасни маси на лик на уметнички инсталации. Проектот е од хуманитарен карактер, а парите од купените влезници одат како помош за борбата против СИДА.
Оваа година се преставени 50 маси со различни дизајнерски теми, од екстравагантни во кои прекрасните букети од цвеќиња паѓаат преку масата до минималистичи инсталации. Цената за влезниците за поединечните маси чини околу 200 долари, а заедно со влезниците, гостите може да пробаат специјалитети од најдобрите њујоршки ресторани во ова спектакуларно опкружување.
„NY Spaces Magazine“ и бројните посетители на „Architectural Digest Home Show“ не го сокриваа воодушевувањето, па на нивните профили по социјалните мрежи споделија фотографии кои ви ги прикажуваме. Истите можете да ги искористите како идеии за поставување на вашите маси.