Наместо јас, во финалето има навистина лоши кандидати

X-Factor е наместен: Илма плука и навредува кај стигне!

Илма Карахмет и нејзините родители тешко го поднесоа елиминирањето од најпопуларното регионално музичко шоу X-Factor, а особено многу ги погодија коментарите на жирито дека таа е премногу млада за естрадата. Четиринаесет годишната девојка не можела да се помири со тоа дека жирито, односно Жељко, Емина и Кристина ја испратија дома и не и овозможија да се натпреварува во големото финале.

Таа, како што објавуваат од продукцијата веднаш после емисијата со своите родители го напуштила Белград и се вратила во родниот Кисељак, иако ден потоа требало да гостува во утринската програма на Pink според договорот.

- Илма плачеше и направи сцена. Викаше како е направен грабеж и обвинуваше дека неправедно е елиминирана и дека натпреварување е наместено. Така бесна со родителите веднаш си замина за дома. Иако најпрвин таа делуваше дека сето тоа стоечки го поднесе, сепак не беше така! Неа ја растажи фактот дека освен Кики, сите останати гласаа таа да да го напушти шоуто наместо Маид. Таа се налути дека никој не го земаа во предвид нејзиниот настап и нејзиниот глас, тие ги земаа годините како најважни, па му дадоа предност на Маид кој е постар, вели извор близок до продукцијата и додава:

- Кога од продукцијата на Илма и рекоа дека следното утро има гостување во утринската програма на TV Pink, таа им одговори: „Не морам јас никаде да одам, и онака не сум испочитувана до крај“. Потоа од продукцијата се слушнаа со мајка и која им порача дека на новинарите ќе им раскаже како продукцијата на крај се однесувала некоректно кон нејзината ќерка и дека сега таа не сака истите т.е. X-Factor Илма да ги „вади од гомна“, додава изворот.

Илма веќе два дена шири приказни дека таа е најнезадоволна од условите кои ги имала за време на натпреварувањето и како до пред неколку дена, сите и зборувале дека таа сигурно ќе победи и  ќе ја чуваат како капка на дланката.

Српските медиуми и денеска ја бараат Илма, но мајка и изјави дека таа е кај нејзината баба за да може на мира да се наспие и да биде подалеку од сè и додаде: „На нас ни е јасно зошто Илма беше исфрлена. Таа има 14 години, а толку имаше и кога се пријави за X-Factor. Ако на луѓето толку им сметаат нејзините години, не требаше ни да ја примат уште на почетокот, а не сега годините да бидат пресудни за влез во големото финале. Илма сето тоа го поднесе храбро, бидејќи знае колку вреди, а за останатите ќе видиме кој колку заслужува“.

- Од продукцијата не сакаат да ни дадат увид во гласовите. Нешто тука не е во ред.Ова е голема неправда. За се е виновна Емина. Народот е излажан. Цели претпријатија се организираа да гласаат за Илма но залудно. Мислам дека некој од страна ја притиснал Емина затоа што таа до тогаш цело време ја фалеше Илма. А ако зборуваме за компетентност на жирито, нека излезе Емина покрај Илма и нека запее па да видиме кој знае подобро. Ќе видите дека годините не се проблем- вели Едина, мајката на Илма.

Инаку вчера настана вистински циркус по социланите мрежи. Прво таа јавно ја нападна Емина Јаховиќ.

- Ти благодарам Емина, имаш твои деца и да даде Бог да те усреќат, како што ме усреќи ти мене – напиша Илма на Facebook профилот на Емина.

Емина пак не остана покусо и реагираше на нападите по повод исфрлањето на младата натпреварувачка и нејзините клетви кои младата Босанка ги упати кон популарната пејачка.

 - Да сум на местото на вас кои од скриени профили ми ги колнат малите деца, би ми било страв. Клетвите се најголем бумеранг и опасни играчки, напиша Емина на Twitter.

Кристина Ковач исто така реши да се јави преку социјалните мрежи и ја образложи својата одлука да ја испрати Илма дома:

- За сите заинтересирани и оштетени: во целос стојам зад својата одлука да ја испратам Илма дома. Неоспорно, таа е огромен талент, технички перфектна, ужасно моќен глас. Но, јас уште од првиот лајв не чувствувам никаква емоција кога таа пее. Ништо. Рационално восхитување на неверојатен витуозитет – да, Емоција – ништо. Можеби вие не чувствувате, можеби илјадници луѓе не чувствуваат, но јас чувствувам. А јас гласам на основа на тоа што мислам и чувствувам или не чувствувам. Мене не ми е доволен виртуозитет. Јас повеќе би сакала Илма да пее полошо од што пее, но да има длабочина на емоцијата, тродимензионалност. Јас секако не ја пратив дома затоа што на Маид му е „последен воз“. Тоа со мојата одлука нема никаква врска и ве молам во своето беснеење на мене да беснеете со вистинска причина, а не со грешка. Воглавно, публиката ја изгласа Илма за во дует. Значи дека голем дел од одговорноста за испаѓањето на Илма е на вас. Ете така, напиша Ковач. 

Потоа таа во интервју за „Анадолија“ изјави дека не заслужила ваков третман и праша зошто нејзините години толку многу сметале на некого. Илма рече дека токму Емина била таа која претходно и рекла дека е премлада, но дека може да оди понатаму во шоуто поради гласот.

Најмногу српските медиуми ја пренесоа изјавата каде таа си дозволи да ги нарече финалистите „лоши кандидати“, а токму тие колеги од срце и искрено ја поддржуваа и токму со нив постојано се дружеше.

- X-Factor и сѐ стана можно – да излезат најдобрите, а најлошите да победат. Не мислам лично за мене, навистина, доста добри кандидати отпаднаа, а голем број од оние кои се лоши продолжија понатаму. Јас веќе реков дека сум задоволна со она што го постигнав – завршува Карахмет.

Дали таа мисли и на нашиот Даниел со кого беше голем пријател останува само да погодуваме...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се венчале Мујо и Фата и на првата брачна ноќ Мујо се соблекува и &иацуте; вика на Фата:
- Види Фато што имам!
А Фата разочарана:
- Абе Мујо, мал ти е.
- Мало, мало ама...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби