Даниел призна: Девојки ми бараат секс, а јас сакам...!

Тројцата суперфиналисти на музичкото натпреварува X-Factor, Тамара Миланови, Даниел Кајмакоски и Лукијан Ивановиќ биле забележани од српските медиуми како заедно излегуваат навечер и се забавуваат. Меѓу нив нема конкурентска завист, но сите имаат трема од настапот пред публиката во „Kombank arena“.

- Пред пет дена прв пат ја погледнав празната „Kombank arena“ од вип делот, кога бевме да ги снимаме кратките најави за финалето и се смрзнав. Тогаш сфатив дека после пет месеци натпреварување ќе имам шанса да пеам на таа сцена на која многу пејачи после многу години кариера сонуваат за тоа, вели Тамара и додава дека многу подобро се чувствува сега во својата кожа и се надева дека ќе победи.

- Мој фаворит е Даниел и искрено се надевам дека ќе победи, бидејќи тој човек не успеа да покаже што знае. Би сакала да победам јас, се надевам, но ќе ми биде драго ако победи било кој од финалистите, беше искрена девојката чии солзи ги гледавме во скоро секоја лајв емисија. Таа не крие дека е среќно заљубена, но и дека мажите преку социјалните мрежи и нудат брак.

- Никогаш не сум имала непристојни понуди за секс за разлика од машкиот дел од екипата, но и многу момчиња од 15-на години ме просеа. Тие пораки ми се симпатични, но не одговарам на нив. Среќно сум заљубена веќе година дена и уживам со дечкото. Тој е со мене од самиот почеток и токму тој е причината зошто се пријавив на X-Factor. Дури и кога се сомневав во себе, тој ме креваше со реченицата: Што и да одлучиш во животот и по кој пат да тргнеш, јас ќе бидат со тебе, но мислам дека треба да пееш.


Од друга страна Лукијан вели дека нема девојка, бидејќи сè уште го истражува „пазарот“, додека непристојните понуди му се веќе нормална работа.

- Девојките нам ни се нудат затоа што сме популарни и тие сакаат на секој начин да не освојат. Нашиот реален успех ќе се види откако ќе помине финалето, кога светлата се гасат без оглед кој ќе победи. Не очекувам победа, но што и да се случи одлучив да останам во Белград. Ќе отидам до Бањалука за да се договорам со родителите околу сè, па за месец дена сигурно се селам. Доколку победам на мајка ми и ветив куќа на море, па така таа желба ќе и ја исполнам во секој случај штом можам, истакнува Ивановиќ.

Иако нашиот Даниел важи за најголем фаворите, тој вели дека не сака да се занесува.

- Имав неколку пати ваква шанса, па ништо од тоа не испадна, поради тоа знам колку ова може брзо да пропадне, па си стојам со двете нозе на земја. Имам интуиција дека токму сега е време да успеам, но спремен сум и на обратното. Дојдов сам овој пат подготвен, бидејќи немав што да изгубам, ја оставив работата и станот и сè ставив на една карта. Мислам дека Тамара исто така заслужува да победи, објаснува Кајмакоски кој има отворени понуди за секс од страна на понежниот пол, за кои тој вели дека таму нема ништо романтично.

- Тие понуди не се убави, сепак не сме животни. Тие девојки не ме познаваат, па како тогаш можат да ми нудат такви работи? Девојките мораат да имаа малку гордост во себе. Јас, за жал, не сум вљубен, бидејќи добро одбирам, но бидејќи дефинитивно доаѓам да живеам во Белград, има време за се, вели тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува деда си.
- Дедо, сакаш студентка да имаш за жена?
- Е, а кој не би сакал.
- Е па запиши ја баба на факултет!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1610.- Францускиот крал Анри Четврти, првиот...
1771.- Роден е велшкиот филантроп Роберт Овен,...
1796.- Англискиот лекар Едвард Џенер успешно...
1811.- Република Парагвај доби независност. Беше...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби